Epic Games ја доби најголемата казна во гејминг историјата

Компанијата Epic Games ќе мора на играчите да им врати 245 милиони долари поради неовластени наплаќања, како и да плати казна од 275 милиони долари поради кршење на Законот за заштита на приватноста на децата во онлајн светот.

Epic Games се согласи да плати 520 милиони долари за да се ослободи од тужбата за прекршување на Законот за заштита на приватноста на децата во онлајн светот (COPPA) преку собирањето лични податоци од деца помлади од 13 години, како и тактиките кои биле наштелувани за да ги наведат играчите ненамерно да купат по нешто.

Компанијата од сојузната американска држава Северна Каролина ќе плати казна од 275 милиони долари поради прекршување на COPPA законот, што претставува најголема изречена казна за прекршок од ваков тип. Во посебен предлог одлука се наведува и дека Epic Games дополнително ќе плати 245 милиони долари за повраток на пари на купувачите поради наводните „темни обрасци“ и начинот на наплата, што претставува највисок износ на вратени пари во историјата на гејминг индустријата.

Темните обрасци се намерно дизајнирани елементи кои се користат во апликациите, игриците или на веб-страниците за крајниот корисник да се наведе на направи ненамерен потег, како пријава за newsletter, кликнување на нешто што не го саака или дури и да купи нешто.

Како што наведува Федералната комисија за трговија (ФТЦ), Epic Games користел таква тактика во својата игрица „Fortnite“ со употреба на збунувачки конфигурации на копчињата.

„На играчите можело да им се наплаќа додека се обидувале да го отклучат својот уред, додека игрицата се наоѓала во процес на вчитување или со притискање на соседното копче додека се обидувале да прегледаат некој предмет“, наведува агенцијата.

Оваа тактика резултирала со стотици милиони долари од неовластена наплата.

Исто така, Epic Games се најде во фокусот на ФТЦ поради забраната за пристап до купената содржина откако сопствениците на уредите почнувале процес на оспорување на неовластената наплата на својата кредитна картичка.

Во објавеното соопштение од Epic Games изјавија дека ниеден девелопер на игрици не создава игрици со намера да се најде во ваква ситуација, додавајќи дека го прифаќаат договорот бидејќи сакаат да бидат на чело на заштитата на потрошувачите и да им пружаат најдобро искуство на своите играчи.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе