Европската комисија подготвува тужба за AstraZeneca

Поради тоа што британско-шведската компанија не го испрати договореното количество вакцини во земјите од ЕУ, Европската комисија планира правдата да ја бара на суд.

На синоќешната средба во Европската комисија било дискутирано и за покренување правна постапка против AstraZeneca бидејќи со неисполнувањето на договорот за достава на вакцини во земјите од ЕУ директно влијаеле да забави процесот на имунизација. Според Reuters и Politico, мнозинството од земјите-членки изразиле поддршка да се покрене тужба.

AstraZeneca не го исполни навреме договорот за испраќање на договорените количини на вакцини во ЕУ. Компанијата се правдаше дека тоа е поради фактот што не може да постигне со производство, но потоа се востанови дека на Обединетото Кралство успеале да му достават онолку вакцини за колку што се договориле.

Тоа дополнително ги заплетка односите на ЕУ со Обединетото Кралство, кое, како што е познато, веќе ја напушти Унијата.

До крајот од првиов квартал AstraZeneca има доставено 30 илиони дози во ЕУ од оние 100 милиони колку што се според договорот. До крајот на вториот квартал, проценката е дека ќе бидат доставени 70 милиони, а според договорот треба 300 милиони. Но, се претпоставува дека ЕУ ќе се откаже од договорот со AstraZeneca и ќе се сврти кој Pfizer/BioNTech и Moderna.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Свет

Украинскиот парламент одобри мобилизација на затвореници

Read more

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Read more

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Read more

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Read more
 

Вести

Разговор со поетесата Д.A. Лори вечерва во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје

Читај повеќе

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Читај повеќе

Прва претседателка на Македонија - која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага?

Читај повеќе

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Читај повеќе

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Читај повеќе

Украинскиот парламент одобри мобилизација на затвореници

Читај повеќе

Вучиќ и Орбан ѝ честитаа на Силјановска Давкова

Читај повеќе

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Читај повеќе

Награден конкурс за книжевни творби инспирирани од творештвото на Франц Кафка

Читај повеќе