Facebook го смени логото, ја забележувате ли разликата?

Компанијата Meta го менува „системот за идентитет“ на социјалната мрежа Facebook, а тука спаѓа и промена на изгледот на логото.

Сепак, промената не е многу очигледна, освен што сината боја е многу потемна, а буквата „f“ е суптилно изменета.

„Нашата намера беше да создадеме освежен дизајн на логото на Facebook кој е похрабар, 'електричен' и безвременски. Секое од новите подобрувања води до поголема хармонија низ дизајнот како клучен елемент на идентитетот на апликацијата. Ова го направивме со појасно изразување на фундаментална Facebook сина боја која е визуелно 'подостапна' во нашата апликација и ѝ дава посилен контраст на буквата 'f' за да се истакне“, соопштија од Meta.

Иако промените се суптилни, сепак има смисла Meta да го освежи логото на Facebook наместо целосно да го редизајнира. Од компанијата велат дека социјалната мрежа дневно има 2 милијарди активни корисници, што значи дека секоја визуелна промена ќе ја видат многу луѓе. Затоа, разбирливо е дека Meta избира релативно мали промени на едно од најпрепознатливите логоа.

Meta го промени и изгледот на фонтот што се користи за пишување на името на социјалната мрежа и користеше прилагоден фонт, Facebook Sans. Има и нова палета на бои во која доминираат сините нијанси, а изменет е и изгледот на емотиконот Reactions.

Од компанијата велат дека ова е само првата фаза од освежувањето на идентитетот на Facebook.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе