Социјалната мрежа Facebook ќе им овозможи на индивидуалните корисници да имаат до 5 профили, а ова е дел од тестот што компанијата Meta има намера да го спроведе со цел да воведе нови начини за поттикнување на корисниците да останат на платформата во време кога ривалите стануваат поконкурентни.
Како дел од тестот, некои корисници на Facebook ќе можат да креираат до 5 дополнителни профили кои ќе бидат поврзани со оригиналниот профил. Идејата е да се користат дополнителни профили за различни цели, еден за пријатели, друг за соработници, а остатокот за интеракција со групи и влијателни лица. Корисниците сепак ќе имаат една главна сметка, но ќе можат да менуваат профили со само неколку кликови.
Профилите ќе бидат опфатени со правилата на Facebook, а кршењето на правилата на еден профил ќе влијае на целиот профил, изјави портпаролот Ленард Лам.
„За да им помогнеме на луѓето да го подобрат своето искуство врз основа на интереси и врски, тестираме нов начин да имаме повеќе профили поврзани со една сметка на Facebook. Секој што користи Facebook ќе мора да продолжи да ги следи правилата“, додаде тој.
Од корисниците кои создаваат дополнителни профили нема да се бара да го користат вистинскиот идентитет за приказното име сѐ додека алтернативата не ги прекршува правилата и не содржи бројки или специјални знаци.