ФБИ врати на Рим мозаик стар 2.000 години

Кајгана / МИА
/ 04.09.2022 / 16:06

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) ѝ врати на италијанската Влада римски мозаик стар 2.000 година, „клучен дел од историјата на Рим“, кој бил скриен со децении, соопштија од ФБИ.

ФБИ тимот за криминал со уметнички дела во 2020 година бил контактиран од претставник на клиент кој поседувал огромен мозаик со приказ на митолошкиот лик Медуза.

Мозаикот бил исечен на 16 парчиња, секое тешко од 30 до 90 килограми, ставени на палети и чуван во приватен магацин во Лос Анџелес од 1990 година, соопшти ФБИ.

Клиентот немал документација, во светот на уметноста позната како доказ за потекло, па затоа не можеле да го продадат делото. Не е познато како анонимниот клиент дошол во посед на мозаикот или колку долго се наоѓал во САД. Од ФБИ укажаа дека тој можел да се води за изгубен и над 100 години.

Специјалните агенти на ФБИ, Елизабет Ривас и Ален Грув, биле ангажирани да го истражат потеклото на мозаикот, пред истиот да биде вратен на вистинските сопственици. Полицијата во Италија потврдила дека е италијански и „влезен во записи за културна сопственост од 1909 година“.

– Единствен современ запис за постоењето на мозаикот е оглас во весник од 1959 година за негова продажба во околината на Лос Анџелес.

Официјални лица од Италија допатувале во Лос Анџелес да го проверат мозаикот и да помогнат во неговото враќање.

Конечно, мозаикот бил вратен безбедно во Рим во април, откако анонимниот клиент ги платил трошоците за специјален транспорт во сандаци. 

Тагови
реклама

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Готово е: Од денеска само X

Read more

Живот

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе