Ферари му нуди 40 милиони фунти на Хамилтон

Ф1
Макфакс
/ 22.05.2023 / 14:32

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, има интересна понуда. Челниците на тимот на Ферари се подготвени да му понудат договор вреден 40 милиони фунти за да биде во нивниот тим од следната сезона.

Во Маранело веруваат дека Луис би имал одлична можност по осми пат да ја освои светската титула.

Претседателот на компанијата, Џон Елкан, е во контакт со Хамилтон, чиј договор со Мерцедес истекува на крајот на годинава.

Според островските медиуми, Ферари има две опции со Хамилтон – првата е партнер во следната сезона да му биде Шарл Леклер, што би значело заминување на Карлос Саинс во друг тим.

Друга опција е да се жртвува Леклер за да се донесе Хамилтон, а тоа практично би било трампа, каде Хамилтон би преминал во редовите на Ферари, а Леклер би бил со Џорџ Расел во Мерцедес.

Сега сѐ е на Хамилтон, кој треба сам да одлучи, парите нема да бидат пресудни, бидејќи му нудат речиси еднакви услови.

Една од работите што може да влијае е желбата на таткото на Хамилтон неговиот син еден ден да вози за Ферари.

Одлуката која Хамилтон треба да ја донесе најмногу ќе зависи од тоа дали во блиска иднина, со наградбите и подобрувањата, Мерцедес ќе успее да се доближи до Ред Бул.

Доколку успеат да ги направат посакуваните модификации, тој лесно може да одлучи да остане и да ја одбие понудата на Ферари.

Формула 1 продолжува следниот викенд со Големата награда на Монако (недела, 15 часот).

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе