Фердинанд до Холанд: Биди оној кој ќе му ја врати славата на Манчестер

Поранешниот дефанзивец на „Црвените ѓаволи“ јавно побара од Ерлинг Браут Холанд да дојде во Манчестер Јунајтед и да го врати клубот на победничките патеки.

Рио Фердинанд е една од легендите на Манчестер Јунајтед. Тој 12 сезони настапуваше за клубот, од 2002 до 2014 година. Беше дел од златната ера на Сер Алекс Фергусон, ера за која клубот сѐ уште сонува и од која е далеку. Но, Фердинанд верува дека еден напаѓач може да му ја врати славата на клубот, а тоа е норвешкиот бисер од Борусија од Дортмунд, Ерлинг Браут Холанд.

„Не сакам да зборувам за играчи од други клубови, но овој дечко, човече, не смееме да си дозволиме да замине во некој друг клуб“, вели Рио во својата емисија на YouTube.

„Неговата единствена дестинација е Англија, тоа е единственото место каде мора да оди. Ако замине некаде на друго место ќе бидам навистина изненаден“, додава.

Интересно, Холанд е роден во Лидс, Англија, бидејќи татко му Алф-Инге тогаш настапуваше за Лидс Јунајтед. Но, истата година семејството Холанд се пресели во Манчестер бидејќи таткото потпиша за Манчестер Сити.

„Роден овде и растен овде. Нормално, тој го обожава англискиот фудбал, татко му играше овде. Сигурен сум дека дека еден од неговите соништа е да дојде и да игра во Англија“.

Фердинанд и директно му се обрати на магичниот Норвежанец.

„Зошто не во црвениот дрес на 'Олд Трафорд'? Биди човекот кој ќе му ги врати пехарите на Манчестер Јунајтед и да го врати времето на успеси. Биди тој човек“, рече Рио.

Нормално, за 20-годишен феномен како Холанд заинтересирани се најдобрите и најбогатите клубови на светот. Барселона и Реал Мадрид се интересираат за сите ѕверки, ПСЖ го сака во случај да си замине Килјан Мбапе, на листата се и Манчестер Сити и Челси, како и Баерн кој е редовен купец на најдоброто од Борусија.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе