ФФМ со 5-годишна стратегија ќе го развива женскиот фудбал

Фудбалската федерација на Македонија усвои одлука за започнување на процес со кој ќе биде изработена специјална програма за развој на женскиот фудбал во земјава.

Македонската женска репрезентација; фото: ФФМ

„Преку овој процес, кој се очекува да трае неколку месеци, ќе бидат опфатени сите заинтересирани страни кои директно или индиректно имаат влијание на развојот во женскиот фудбал во нашата земја. Сведоци сме дека во Европа и пошироко во светот фудбалот е најбрзо растечкиот спорт за жени, и ФФМ како институција одговорна за развојот на фудбалската игра е подготвена да држи чекор со овој тренд. Иако, женскиот фудбал има свое важно место во десетгодишниот стратегиски план на Фудбалската федерација на Македонија 2016-2021-2026, оценивме дека развојот на женскиот фудбал со својата важност и специфики има потреба за посебна стратегија“, објави Федерацијата.

Женскиот фудбал во Македонија почнува во 2002 година кога за првпат стратуваше лигашкото натпреварување. Таа воведна сезона 2002/03 шампионки станаа фудбалерките на Единство од Скопје. Како што се популаризираше спортот, така растеше и бројот на фудбалерки и клубови.

Но, на репрезентативно ниво женскиот фудбал до ден денес е крајно неквалитетен. Резултатите на македонските репрезентации беа дури и понижувачки, честопати поразите беа изразени со над 10 голови во македонската мрежа. ФФМ едно време дури и ја повлече сениорската репрезентација од квалификаските натпревари поради очајните резултати.

„За нас како федерација важни се сите аспекти од развојот на фудбалската игра. Женскиот фудбал сѐ повеќе се наметнува како поле на дополнителен развој, и со цел да ги координираме нашите активности плански и согласно нашите потреби и можности, решени сме да изготвиме документ кој ќе претставува основа на нашата работа на ова поле во следните 5 години. Нашата цел е да изготвиме план на конкретни и спроведливи активности, а не само убав документ кој ќе стои на полица. Подготвени сме да ги вклучиме сите заинтересирани страни, со цел да бидеме сигурни дека она за што ќе се обврземе преку оваа стратегија ќе биде релевантно и ќе им помогне на сите засегнати, на сите оние кои и досега неуморно работеа на развој на женскиот фудбал“, вели Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ.

Сите земји-членки на УЕФА се задолжени не само да имаат натпреварување во женски фудбал, туку и активно да работат на негова популаризација и развој.

„Женскиот фудбал е составен дел на целокупното работење на администрацијата во Федерацијата уште од почетокот на новиот милениум. Ние како фудбалска институција секогаш сме давале максимум да ги следиме европските и светските трендови на развој и сметаме дека е дојдено вистинско време, сите овие активности и напори да ги врамиме во еден стратешки документ кој ќе претставува насока во нашето идно планско работење, кога станува збор за развојот на женскиот фудбал. Целата администрација е подготвена да даде свој придонес, а сѐ со цел да подготвиме стратегија која ќе биде спроведена на дело во следните 5 години. Сигурен сум дека сме на вистинскиот пат, ја имаме поддршката од УЕФА и ФИФА и посветеноста на врвниот менаџмент“, изјави менаџерот на секторот фудбал при ФФМ, Жарко Игњатовски.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе