ФИФА ги објави 12-те номинирани за наградата The Best

Управното тело на светскиот фудбал (ФИФА) објави список од 12 играчи кои се во конкуренција за наградата за најдобар фудбалер во светот.

Наградата The Best FIFA е втора најмоќна во светот на фудбалот, а иако не се официјални награди на ФИФА, Златната топка (или Ballon d'Or) што ја доделува France Football се смета за највисока награда.

Во конкуренција на 12 играчи кои ќе се борат за најдобар играч на ФИФА, има дури шестмина од шампионскиот Манчестер Сити од минатата сезона, тимот кој ја освои тројната круна, вклучувајќи го домашното првенство на Премиер лигата, ФА купот и Лигата шампионите на УЕФА.

Меѓу нив се Холанд, Де Брујне, Ѓундоан (кој летово си замина од Сити во Барселона), Бернарду Силва, Родри и Алварес.

Номинирани за наградата The Best FIFA за 2023:
  • Хулиан Алварес (Аргентина)
  • Марцело Брозовиќ (Хрватска)
  • Кевин Де Брујне (Белгија)
  • Илкај Ѓундоан (Германија)
  • Ерлинг Холанд (Норвешка)
  • Родриго Ернандес Касканте (Шпанија)
  • Хвича Кварацхелиа (Грузија)
  • Килјан Мбапе (Франција)
  • Лионел Меси (Аргентина)
  • Виктор Осимхен (Нигерија)
  • Деклан Рајс (Англија)
  • Бернарду Силва (Португалија)
URL

На списокот е и Лионел Меси, кој летово ја напушти Европа и кариерата ја продолжи во МЛС. Од финалистот во Лигата на шампионите номиниран е единствено Марцело Брозовиќ, кој летово се презели во Саудиска Арабија (Ал Наср).

Во изборот за најдобар тренер во светот се најдоа Пеп Гуардиола (Манчестер Сити), кој сигурно ќе ја освои оваа награда, Симоне Инѕаги (Интер), Енџ Постекоглу (Селтик, сега во Тотенхем), Лучано Спалети (Наполи, сега селектор на Италија) и Чави Ернандес (Барселона).

URL

За најдобар голман номинирани се Јасин Боно (Севиља, сега Ал Хилал), Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Едерсон (Манчестер Сити), Андре Онана (Интер, сега Манчестер Јунајтед) и Марк-Андре тер Штеген (Барселона).

URL

Наградата се доделува за прикажаното во периодот од 19 декември 2022 до 20 август 2023 година. Гласањето ќе се одржи онлајн на FIFA.com и ќе заврши во петок на 6 октомври на полноќ.

Минатата година оваа награда ја освоија Лионел Меси во машка категорија, а Алексиа Путељас во женска. Емилиано Мартинес беше најдобар голман, а Лионел Скалони најдобар тренер.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе