Филипче: Проблем се пациентите кои не соработуваат, даваат лажни информации и адреси

А.С.
/ 29.05.2020 / 13:34

На денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче извести за состојбата со COVID-19 во земјава.

Од 661 тестирање, има 52 новозаболени со COVID-19 во изминатите 24 часа во земјава, потврди Филипче.

По градови, во Скопје има 26, Куманово 6, Штип 7, Тетово 9, Струга 1 и по еден во Велес и Кочани.

Има четворица починати пациенти – на Инфективната клиника скопјанец на 73 години, примен на 21 мај, и 83-годишен од Велес хоспитализиран на 22 мај. Двајца починаа и во болницата „8 Септември“ – 76-годишна пациентка од Скопје, примена на 21 мај, и 55-годишна која завчера била примена во болницата.

Оздравени пациенти во изминатите 24 часа се 30 – 16 во Скопје, 10 во Тетово, двајца во Охрид и по еден во Велес и Кратово.

Досега вкупно дијагностицирани има 2.129, оздравени 1.516, починати 126 и активни 487 случаи.

Досега се направени 27.684 тестови, од кои од скрининг се 3.015. Има пет позитивни случаи од скринингот  - 4 од градинки во Скопје, Битола и Тетово и 1 од геронтолошка институција.

Процентот на заразени во изминатите 14 дена изнесува 5,5%, вклучувајќи ги тестовите од скринигот, а капацитетот на болниците е исполнет 11%. Здравствениот систем е во добра кондиција. Има над  92% оздравени здравствени работници.

Инциденцата во изминатите 14 дена е 10,3% , три пати поомала во однос на пикот во април.  Има 15 градови во кои биле регистрирани болни, а повеќе немаат заразени (Дебар, Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка, Радовиш, Крушево, Кочани, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево, Берово, Валандово, Делчево и Кратово), а во шест града има до пет активни случаи (Струмица, Виница, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Неготино).

Зголемениот број на случаи е од познати кластери, но има и некои нови. Филипче нагласи дека загрижуваат информациите за непочитување на мерките за самоизолација и заштита. По извршените надзори во Тетово е утврдено дека не се почитуваат мерките за самоизолација и за заштита, а во Штип не се почитувале правилата за транспорт, особено во конфекциите.

Филипче нагласи дека голем проблем е одбивањето на соработка со здравствените работници и епидемиолозите кои имаат потешкотии за спроведување на епидемиолошките анкети – некои пациенти даваат лажни информации и адреси, па тешко е да се достават решенијата за самоизолација.

Зголемена е концентрацијата на заболени во скопските населби Чаир, Гази Баба, Бутел и Аеродром, поради непочитување на мерките за самоизолација и заштита. Има и заразени кои се инфицирале кога имаше строги мерки за движење, а загрижуваат информациите за граѓани кои со решенија за самоизолација се шетаат надвор.

Филипче најави дека можни се таргетирани рестрикции согласно бројот на нови случаи, што и се дискутирало на денешната средба на Комисијата за заразни болести.

Прес-конференцијата е во тек и Филипче одговара на новинарски прашања.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Ново

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе
  • filter

17 мај 1395, загинал Крале Марко

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе