Фон дер Лајен: Замислете го Балканот под влијание на Кина и Русија

Европската Унија во иднина е незамислива без Украина, Молдавија и Западен Балкан, кои не можат да се предадат на влијанието на Русија или Кина, истакна вчера во Мадрид претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Да се ​​обидеме да замислиме како ќе изгледа Европа за неколку години. Дали можеме да ја замислиме Европската Унија без Украина, Молдавија, Западен Балкан и тие делови од Европа под влијание на Русија или Кина?“, рече таа.

„Невозможно!“, изјави Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со шпанскиот премиер Педро Санчес. Таа и мнозинството комесари вчера пристигнаа во Мадрид на средба со шпанската влада по повод преземањето на ротирачкото претседателство.

„Насоката на патот е јасна и затоа треба да почнеме да размислуваме како да ја обединиме Европа за и овие земји да станат дел од Европската Унија. Тоа се фундаментални одлуки што треба да ги донесеме“, рече претседателката на Комисијата.

Шпанскиот премиер Санчес исто така рече дека „проширувањето е на маса“ и дека ЕУ мора да одговори на прашањето како се гледа себеси за десет години. Тој посочи дека ќе треба да се разговара за прашањата за институционалните реформи, ресурсите, заедничката земјоделска политика, кохезиските фондови итн..

Санчес рече дека Европската унија мора да биде „пофедерална“.

„Навистина верувам дека треба да се движиме кон пофедерална Европска Унија, дека треба да споделуваме повеќе политики, повеќе суверенитет и дека мора да најдеме заеднички одговори на заедничките предизвици“, рече Санчес и додаде дека Унијата веќе го покажала тоа со заеднички одговор на пандемијата и војната во Украина.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе