Football Manager наскоро ќе има и женски тимови

Компанијата Sports Interactive во 2021 година вети дека во игрицата „Football Manager“ ќе воведе и женски фудбалски тимови, а сега e познато и кога оваа новина ќе се оствари.

Во објава на својот блог Sports Interactive официјално потврди дека женските тимови ќе бидат дел од игрицата „Football Manager 2025“, која на пазарот ќе се појави наредната година.

Познатото гејминг студио претходно истакна дека ќе му треба време за воведување на женските тимови во игрицата бидејќи целта е да понуди исто ниво на длабочина како што е случај со машките тимови. „Football Manager“ има огромна база на податоци која располага со илјадници играчи од кои секој има своја индивидуална статистика, биографија, историја на повреди и слично. И не само тоа, Sports Interactive мораше да ги земе предвид и промените во системот на атрибути, водејќи сметка за родовите, како и различните лигашки правила, кога станува збор за женскиот фудбал.

Покрај воведувањето на женски тимови, „Football Manager“ носи и уште една голема промена, а тоа е префрлувањето на енџинот за играње Unity, кој ќе „понуди поголема графичка моќност во сите формати, со моќни алатки на корисничкиот интерфејс“. Интерфејсот исто така ќе биде потполно нов со значително подобро искуство во натпреварите. Се очекува и „голем скок напред“ кога станува збор за анимацијата. Сепак, транзицијата на Unity, кога станува збор за мобилната верзија, ќе трае нешто подолго.

На проектот за ремонт на основната технологија на „Football Manager“ се работи веќе неколку години. Првичната цел беше да се обнови серијата почнувајќи со „Football Manager 2022“, но пандемијата со коронавирусот го примора студиото да направи чекор назад и да се осигура дека секоја година ќе може да ја пласира новата верзија.

„Football Manager“ ја надмина границата од 5 милиони играчи, што е најмногу во историјата на игрицата, а откако се воведени верзиите за Apple Arcade и PlayStation 5.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Гејминг

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Read more

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Read more

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Read more

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе