Формула 1 може да ја напушти традиционалната постапка за старт на трките

Ф1
МИА
/ 12.06.2020 / 10:58

Поради пандемијата на коронавирусот, постапката за старт на трките во Формула 1 може да претрпи промени.

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) до тимовите, организаторите и медиумите, испратила документ наречен „Враќање во автоспортот“. Документот содржи голем број препораки до членовите на тимот, службениците и претставниците на медиумите во врска со однесувањето на патеката и почитувањето на стандардите за социјална оддалеченост. На пример, ако присуството на тимскиот персонал на почетната мрежа доведува до зголемен ризик од контакти, ФИА предлага да се откаже од традиционалната постапка и да се испратат автомобилите во кругот за загревање директно од боксот.

Покрај тоа, ФИА има развиено таканаречена стратегија за раздвојување на групи, според која тимовите, претставниците на Федерацијата и медиумите за време на Гран при формираат одделни групи, изолирани едни од други.

– Бројот на меѓусебни интеракции треба да се минимизира за да се намали веројатноста за пренесување на вируси помеѓу групите. Во случаи кога е невозможно да се избегне интеракција, треба да се почитуваат нормите на социјална оддалеченост или да се користи лична заштитна опрема, се вели во документот кој го објави Autosport.

Исто така, ќе бидат организирани простории за брифинзи со можност за социјална оддалеченост. Ако на одредена патека нема доволно голема просторија, прес-конференциите се препорачуваат преку видео-конференција.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе