Френк Лампард примен во Куќата на славните на Премиер лигата

Поранешниот играч од средниот ред на Челси доби признание за својата 20-годишна одлична кариера во англискиот фудбал.

Френк Лампард е петтиот член на Куќата на славните во Премиер лигата откако во јавно гласање беше изгласан да им се придружи на претходно избраните Алан Шишер, Тјери Анри, Ерик Кантона и Рој Кин.

URL

Англиската легенда својата премиерлигашка кариера ја почна на 17-годишна возраст дебитирајќи на 31 јануари 1996 против Ковентри Сити, нормално, како замена тогаш. Во Вест Хем остана заклучно со сезоната 2000/01 кога се пресели во Челси.

На „Стемфорд Бриџ“ мина 13 сезони, а потоа една сезона одигра за Манчестер Сити пред да се пресели преку барата во МЛС. Таму одигра две сезони за Њујорк Сити пред конечно во 2016 да замине во пензија. Сѐ на сѐ одигра 609 натпревари во Премиер лигата и постигна 177 голови.

Беше и стандарден репрезентативец на Англија за која одигра 106 натпревари и постигна 29 голови и беше дел од ЕУРО 2004 и Мундијалите 2006, 2010 и 2014.

Со Челси 3 пати ја освои Премиер лигата, 4 пати ФА купот, по 2 пати Лига купот и Суперкупот, и по еднаш Лигата на шампиони и Лига Европа. Претходно со Вест Хем триумфираше во поранешниот Интертото куп.

На индивидуално ниво, беше прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата за сезоната 2004/05, најдобар асистент во сезоните 2004/05, 2008/09 и 2009/10, УЕФА најдобар играч од средниот ред во 2008, англиски фудбалер на годината 2004 и 2005, како и многу други награди.

Две години по џавршувањето на кариерата почна тренерска авантура во Дерби Каунти, а во јули 2019 седна на столчето на својот Челси од каде беше отпуштен во јануари 2021 годинава.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе