УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Фудбалерите спуштени на земја од Ерменија

Филип Здравески
/ 18.11.2020 / 20:08

Македонската фудбалска репрезентација со пораз ги заврши настапите во овогодинешното издание на Лигата на нации каде не успеа да се пласира ранг погоре и наредната сезона останува во третиот ешалон.

Фото: Игор Паневски / ФФМ

Репрезентацијата на Ерменија е патникот во Лига Б од групата во која се наоѓаа уште Македонија, Грузија и Естонија. Со две победи во последните две кола Ерменците од третото место го зграпчија врвот на табелата и се изборија за пласман меѓу подобрата половина на фудбалска Европа.

Македонија испушти огромна шанса да се најде на тоа место. Пред одигрувањето на последното коло бевме први во нашата група, но на последниот натпревар го направивме токму она кое не ни одговараше - загубивме. Од историскиот пласман на ЕУРО, за кратко време стигна враќање во реалноста.

Јасно беше дека ќе биде тешко бидејќи селекторот Ангеловски настапи со речиси резервниот состав откако поради суспензии и повреди не беа во комбинација Алиоски, Николов, Адеми, Димитриевски, Елмас, Барди, додека Пандев доби заслужен одмор.

Во првиот дел македонските фудбалети најчесто се закануваа од далечина преку Трајковски кој упати неколку удари, но или голманот Јурченко одлично бранеше, или топката завршуваше вон рамките на голот.

Единствениот гол кој го реши победникот го постигна поранешниот играч на Вардар, латералниот бек Ховханес Ханбарѕумјан кога во 55. минута му избега на Стојановски и со незгоден удар го совлада Шишковски измамувајќи ги и Зајков и Муслиу.

Во другиот натпревар од нашата група, кој се играше истовремено, Грузија и Естонија одиграа без голови.

Конечна табела:

  1. Ерменија 11
  2. Македонија 9
  3. Грузија 7
  4. Естонија 3

Ерменија наредната сезона ќе игра во Лига Б, Македонија и Грузија остануваат во Лига Ц, додека Естонија ќе игра бараж за избегнување испаѓање во Лига Д.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе