Фулам се врати во Премиерлигата

Тимот на Фулам синоќа по продолженија славеше во финалниот бараж против градскиот ривал Брентфорд и избори експресно враќање во Премиерлигата по една сезона пауза.

Откако 90 минути во тврда и изедначена игра мрежите на „Вембли“ мируваа, Брентфорд и Фулам натпреварот го однесоа во продолженија од двапати по 15 минути.

Токму на истекот на првото продолжение Фулам го отвори резултатот со гол од слободен удар на Џо Брајан кој ја искористи лошата поставеност на голманот Давид Раја и од голема далечина ја смести топката во мрежата.

Remote video URL

Потоа во 117. минута истиот играч се најде во улога на напаѓач и на асистенција на Александар Митровиќ погоди за 2:0 и печат на победата на Фулам. Интересно, Брајан е централен дефанзивец кој сезонава ги одигра сите 46 натпревари во лигата на кои постигна 3 гола, а ги одигра и трите баражи каде овие два гола му се единствените.

Remote video URL

Во судиското надополнување Данецот Хенрик Далсгорд намали на 2:1, но веќе беше прекансо за Брентфорд да се врати во игра.

Фулам се враќа во Премиер лигата по само една сезона откако во 2018/19 испадна. За разлика од нив, Бентфорд пропушти историска шанса да се врати во елитата каде нема играно од далечната 1946/47. Згора на тоа, овој пораз уште повеќе боли бидејќи Фулам и Брентфорд се лути градски ривали, двата тима се од главниот град Лондон.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе