СЕРИЈА А 2020/21

Гатузо: Само во Италија се дава црвен за 'иди у пм'

Тренерот на Наполи е бесен за вчерашното исклучување на Лоренцо Инсиње кој настрада само поради пцовка, а неговиот тим мораше да игра со играч помалку на гости кај Интер.

Се играше без голови синоќа во Милано сѐ до 71. минута кога голманот Давид Оспина го фаулираше Mатео Дармјан при една шанса за гол и главниот судија Давиде Маса покажа на белата точка.

На таа одлука негодуваа фудбалерите на Наполи, а најлут беше Лоренцо Инсиње кој му се обрати со зборовите „Vai a cagare“, што на македонски би соодветствувало со „Иди у пм“, додека буквалниот превод е „Иди ис*ри се“. За тие зборови доби директен црвен картон. Ромелу Лукаку го реализираше пеналот, а токму тој гол му ја донесе победата на Интер.

„Му рече: 'Иди у пм'. Само во Италија судиите те исклучуваат бидејќи си ги пратил у пм. Во Англија цело време велат 'fuck off' и никој ништо не ти прави. Само во Италија судијата го исклучува капитенот на Наполи бидејќи го пратил у пм заради сомнителен пенал. Само во Италија, е вака се менуваат натпреварите. Тој лесно си го извади картонот, а потоа ние моравме да му ја мислиме“, бесен е Џенаро Гатузо.

„Во мое време да беше вака јас еден натпревар ќе играв, потоа на наредниот немаше да играм“. Популарниот Рино како играч важеше за жесток на теренот, но и без влакна на јазикот, па споредбата негова навистина држи вода. Во негово време да исклучуваа играчи само заради пцовки, тој ќе беше рекордер по бројот на црвени картони.

„Беше и тоа како тактички натпревар. Наполи одигра одлично, се обидовме да направиме нешто ново. Ние повеќе ја заслуживме победата откоку тие, но тоа е тоа бидејќи треба да постигнеш гол. Сега треба да милсиме на натпреварот со Лацио викендов“, заврши Гатузо.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе