Георгиевски: Чест и одговорност е да се биде тренер на Тетекс

Новоименуваниот шеф на стручен штаб на ФК Тетекс од Тетово, Славчо Георгиевски денес се прв пат се запозна со фудбалерите и го водеше тренингот на екипата.

Георгиевски, кој беше активен фудбалер до 2015, прв пат е шеф на стручен штаб, откако досега бил помошник во стручните штабови или предводник на младите селекции во неколку клубови.

– Големо задоволство и голем терет носам со себе затоа што мислам дека еден клуб којшто направил историја во една бивша Југославија со самото име носи и голема одговорност што за мене претставува задоволство. Не се плашам од предизвикот чест ми е што почнувам самостојна кариера како шеф на стручен штаб, изјави Славчо Георгиевски на средбата со новинарите.

Тој вели дека веќе ги гледал првите два натпревари во живо и смета дека има квалитет за подобри резултати со оглед на досегашните два порази.

– Еден таков бренд како Тетекс не смее да биде на тоа место каде што се наоѓа, но во фудбалот ништо не доаѓа преку ноќ. Затоа сум дојден за тоа, разговаравме чекор по чекор да изградиме нешто што некој пред нас го направил, а ние само треба да го продолжиме и надградиме за да Тетекс се врати каде што бил и каде што заслужува. Амбициите на Тетекс се секогаш за висок пласман. Но амбиците се едно, а реалноста е друго, почнуваме од нула. Мора чекор по чекор да се вратиме на победите, а после тоа како ќе поминува времето да ја надоградиме играта, сакаме да направиме стил на игра по кој ќе биде препознатлив Тетекс. Тоа е најтешко да градиш. Менталитетот треба да се надмине, да преброди кризата и да се врати клубот на победнички патеки со добри резултати и амбициите ќе растат, изјави Георгиевски.

Славчо Георгиевски-Тупан во Азербајџан ја започна тренерската кариера, каде играше за Интер од Баку и по завршување на играчката кариера таму се приклучил на стручниот штаб.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе