Глава од статуа на Александар Македонски откриена во Турција

Археолозите открија глава на статуа на Александар Македонски во Турција, речиси во совршена состојба.

Реткиот и уникатен предмет е пронајден на врвот на театар од римската ера, сместен во Конуралп, северно од Дузче и блиску до северозападниот брег на Турција. Се верува дека потекнува од 2 век и сега се наоѓа во музејот Конуралп, каде што го доставиле археолозите.

Поголемиот дел од античкиот театар беше откриен за време на ископувањата извршени во последните 12 месеци во општина Дузче, но неодамна беа пронајдени глава од скулптура на поранешниот водач Александар Македонски, како и на грчкиот бог Аполон и митското чудовиште Медуза при истражување во горниот дел на театарот, пишува Live Science.

Сите статуи се проучени од експерти по историја, како и од турското Министерство за ископувања и истражувања. Експертите утврдиле дека главата е точна претстава на Александар Македонски, иако била извајана веројатно 400 години по неговата смрт.

„Пронајдена е главата на Александар Македонски, со димензии 23 сантиметри. Дел од главата се очите од мермер, а има и траги од дупчење на зениците. Устата е малку отворена и не открива многу заби. Неговата долга виткана коса допира до вратот, додека на лицето има два прамена. Ваквата коса е специфична за Александар Велики“, велат експертите од музејот.

Александар Македонски се смета за еден од најголемите војсководци во историјата поради неговите извонредни освојувања и влијание врз античкиот свет.

Александар е роден во Пела, главниот град на Кралството Македонија, а негови родители биле кралот Филип II Македонски и кралицата Олимпија. По убиството на неговиот татко во 336 п.н.е., Александар бил крунисан за крал на Македонија. Тој започнал серија воени операции, од кои првата била инвазијата на Персија во 334 п.н.е. Тој изгради огромна империја која ги опфаќаше Грција, Египет, Персија и Индискиот потконтинент. Поголемиот дел од тогаш познатиот свет бил цел на неговите освојувања.

Александар Македонски умрел на 32-годишна возраст во 323 година п.н.е., а точната причина за смртта сè уште не е позната. Се шпекулира за природна смрт, болест и труење.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Вести

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Read more

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Read more

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Read more

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Read more
 

Гик

Qualcomm го претстави Snapdragon 7 Gen 4: AI и гејминг моќ за телефони од средна класа

Читај повеќе

Најдобрите Android телефони за 2025

Читај повеќе

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Читај повеќе

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе