1.МФЛ 2020/21

Го избравме идеалниот тим на есенскиот дел во Првата фудбалска лига

Филип Здравески
/ 29.12.2020 / 13:42

Според прикажаното на зелениот терен и во соработка со други сајтови, ги избравме најдобрите единаесетмина за првата полусезона во најдобрата македонска фудбалска лига, избор збогатен и со клупа за резерви.

Во заедничкиот избор на порталите Кајгана, MacedonianFootball.com, Transfermarkt.de и со дизајн на Footbla, одлучивме да ја употребиме формацијата 4-2-3-1. Очекувано, најмногу фудбалери во првите 11 има од лидерот Шкендија, тим кој е и главен претендент за пехарот, а вкупно 7 различни клубови имаат свој претставник.

Помеѓу стативите се решивме за Костадин Захов, кој не само поради фактот што прими најмалку голови, бидејќи за тоа е заслужна и целокупната одбрана на Шкендија, туку поради фактот што имаше доста одбрани, а доста активен беше во играта со нозе со топка, често комбинирајќи со одбраната.

Како леб бек го сместивме Милан Ристовски од Борец, играч кој најчесто не стартуваше на таа позиција, но во тек на играта редовно се преместуваше на таа позиција и одигра одлична полусезона. Брз и продорен, успеа дури петпати да се запише во листата на стрелци.

На централните дефанзивни позиции својата стандардна форма ја задржа репрезентативецот Егзон Бејтулаи, додека за негов партнер се одлучивме за албанскиот интернационалец во дресот на Струга, Клисман Цаке, кој не само што беше вистински бедем во одбраната, туку и претставуваше закана кога се префрлуваше во напад што резултираше и со три голови од кои еден вистинска мајсторија.

На десната латерална позиција жареше и палеше играчот од редовите на „Лавовите“, Томе Китановски. Неговите продори беа енигма за противниците, па успеа и да намести 5 голови за своите соиграчи.

На центарот од теренот поставивме двајца играчи, а одлуката беше тешка бидејќи се мислевме помеѓу тројца. На крајот ги поставивме младиот талент Лука Станковски од Работнички и српскиот интернационалец Денис Ристов од Силекс. Станковски со само 18 години се покажа како вистинско освежување во лигата, а виртуозните потези и дриблинзи ги зачини со 7 голови и 2 асистенции. Ристов, пак, беше најсветла токча во бледата полусезона на Силекс. Ја носеше играта и практично играше речиси за целиот тим, го имаше секаде на теренот и покажа дека Силекс не згреши што го врати во своите редови. Ги одигра сите 18 натпревари, постигна 6 голови и додаде 3 асистенции.

На позицијата треквартиста немавме многу дилеми бидејќи Костариканецот Фреди Алварес од редовите на Шкупи буквално растураше. Иако постигна само 1 гол, дури 9 пати асистираше, а напаѓачите на Шкупи најдобро знаат и во колку други акции тој ги влечеше конците.

Како лево крило имавме многу дилеми помеѓу Љупчо Дириев од Шкендија и вардарецот Матеј Цветановски, а на крајот сепак се одлучивме за Дориев чии добри игри го внесоа и во репрезентацијата. Најдобриот македонски играч во домашната лига апсолутно ги оправда очекувањата по трансферот во Шкендија летово, постигна 5 голови и 8 пати асистираше, а за противниците беше тежок за чување што често мораа да го чуваат по двајца.

На спротивната страна го поставивме Бесарт Ибраими, кој сега на 34 години многу ретко игра како крило, но едноставно имаше одлична полусезона со 14 голови и 7 асистенци на 18 натпревари што ќе беше грев да го изоставиме бидејќи неговиот конкурент за шпиц беше уште подобар. Бесарт играл лево, и сѐ уште по потреба знае да одигра, па со тоа го оправдуваме нашиот избор.

И на крај, како истурен напаѓач, апсолутно заслужено се најде бомбардерот на Шкупи, незапирлиот Гамбиец Дембо Дарбо. Брзоногиот фудбалер се покажа како немилосрден егзекутор и со 16 голови е најдобар стрелец во лигата, а одличните игри дури и му донесоа повик во репрезентацијата на Гамбија. Прашање е колку време Шкупи ќе успее да го задржи во своите редови.

За најдобар тренер без многу двоумење решивме тоа да биде Александар Васоски кој со намачениот тим на Вардар повторно ги надмина очекувањата.

Бидејќи во изборот вклучуваме вкупно 23 играчи, онолку колку што е по правилата на ФИФА, да ги наброиме и дванаесетмината сместени на клупата за резерви кои со своите игри конкурираа и за првиот тим:

Голмани: Ристо Јанков (Работнички) и Давор Талески (Пелистер)
Лев бек: Антонио Павиќ (Шкендија/Хрватска)
Централни бекови: Јан Кривак (Шкендија/Словачка) и Бесарт Кривањева (Шкупи)
Десен бек: Ангелче Тимовски (Силекс)
Средина:  Дарко Мицевски (Вардар) и Ѓорги Стоилов (Академија Пандев)
Треквартиста: Еннур Тотре (Шкендија)
Лево крило: Матеј Цветановски (Вардар)
Десно крило: Јован Попзлатанов (Вардар)
Напад: Абдул Халид Басит (Македонија ЃП/Гана)

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе