Го лекувале со радиум: Човекот чија смрт ја промени фармакологијата

Во 1927 година Ебен Баерс почнал да пие „лековита вода“ што му ја препишал неговиот лекар, по три години неговото тело почнало да се распаѓа, а неговиот случај започнал дебата за безбедноста на употребата на лекови во Америка.

Син на индустријалец и богат наследник на чија перспективна иднина сите му позавидувале, тој можел да живее привилегиран живот и да достигне зрела старост. Но, поради сплет на околности се здобил со повреда на раката која предвреме му ставила крај на животот, а чија смрт предизвикала револуција во медицината и фармацијата.

Лекар предложил радиоактивен лек

Роден на 12 април 1880 година како син на Александер МекБрни Баерс - колекционер на уметнички дела, финансиер и претседател на истоимената фабрика за челик, како и на Националната банка за железо во Питсбург. Израснал опкружен со богатство, што значело одење во престижните училишта Сент Пол во Конкорд каде набрзо ја открил својата љубов кон голфот и спортот. По завршувањето на студиите, неговата иднина изгледала светла откако презел дел од семејниот бизнис.

Во ноември 1927 година Ебен Бајерс се враќал дома за да присуствува на годишниот натпревар во американски фудбал помеѓу Јеил и Харвард кога возот во кој се возел нагло запрел. Според некои извори, тој паднал од креветот и си ја повредил раката. Неговиот лекар, во таа прилика, му препишал радитор (radithor) - лек кој се правел со растворање радиум во вода - бидејќи во средината на 1920-тите никој не знаел дека радиоактивниот материјал може да предизвика генетски мутации и рак доколку некој бил изложен на големи количини на радиум за доволно долго време.

Во текот на следните три години медицинските досиеја на Баерс забележале дека испил дури 1.400 дози од споменатиот лек. Тоа значи дека пиел до три шишиња дневно. Несомнено, Ебен Баерс дури тврдел дека лекот му дава чувство на „засилена“ енергија, но без оглед на причината, несаканите ефекти биле поразителни.

Застрашувачки ефекти на „радиоактивната вилица“ и крај на „лековитиот“ радиум

Во 1931 година, по првичните симптоми кои вклучуваат главоболки и губење на тежината, Ебен Баерс доживеал шок кога неговата вилица почнала да се распаѓа. Тоа било само почеток бидејќи неговите коски и ткива се распаѓале од внатре кон надвор во последните фази, давајќи му, според неговите пријатели, „монструозен“ изглед. Сепак, како што тврдел и самиот Баерс, тој не почувствувал никаква болка.

Во тој период, Федералната трговска комисија почнала да го истражува ефектот на радиторот врз човечкото тело врз основа на бројни примери со фатални исходи. Кога ја слушнале приказната на Баерс, Агенцијата го замолила да сведочи, но бидејќи бил премногу болен, испратиле адвокат по име Роберт Вин во неговата палата на Лонг Ајленд за да го интервјуира.

Подоцна Вин напишал: „Би било тешко да се замисли пострашно искуство во пораскошно опкружување... Целата горна вилица на Баерс, освен двата предни заби и поголемиот дел од долната вилица, му беа отстранети. Сите останати ткива на неговото тело се распаѓаа, додека во неговиот череп се содаваа дупки“.

URL

Бајерс починал на 31 март 1932 година, на 51-годишна возраст. Иако причината за неговата смрт била наведена како „труење со радиум“, вистинската последица е ракот предизвикан од лекот што тој го земал три години. Извештаите тврдат дека имало толку многу радиум во неговото тело што дури и неговиот здив веројатно бил радиоактивен, поради што добил наредба да биде закопан во ковчег обложен со олово.

The New York Times го следел случајот во тоа време и објавил дека набргу по случајот Федералната комисија го затворила производителот на радитори, додека Владата почнала да ги казнува другите фармацевтски компании кои правеле „лекови“ на база на радиум.

Со текот на времето, „случајот Бајерс“ отворил многу прашања за безбедноста на користењето нови лекови, врз основа на кои Федералната комисија и Управата за храна и лекови добиле поголеми овластувања. Затоа, денес, секој лек мора да помине низ ригорозни тестирања и да биде одобрен како безбеден за човечка употреба од страна на ФДА. А, дел од заслугата за оваа строга практика оди на смртта на Ебен Баерс.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе