ЛА ЛИГА 2019/20

Го платија 120 милиони евра за да седи на клупа

Барселона синоќа одигра 2:2 со Атлетико Мадрид и по саботното реми на гости кај Селта, направи нов чекор назад во однос на лидерот Реал Мадрид.

„Штета. Цело време ни станува сѐ потешко и потешко. Се оддалечуваме од титулата, но мора да продолжиме да работиме“, рече Кике Сетјен по натпреварот.

Сетјен беше соочен и со прашања за Антоан Гризман. Шефот на стручниот штаб на Барса има сѐ помалку пријатели во клубот, а сега сите сакаат да знаат зошто на мечот против Атлетико Мадрид при резултат од 2:2 реши да го внесе во игра Французинот дури во 90-та минута.

Секако, кон сево ова придонесува и фактот дека Гризман е едно од најскапите засилувања во историјата на Барселона – минатото лето беше платен неверојатни 120 милиони евра.

„Не може сите да играат“, почна Сетјен на прашањето за Французинот, а потоа сите ги изненади со понатамошниот одговор.

„Тешко е да го ставите Гризман во игра, а да не ја дестабилизирате екипата. Можеби не е логично да го внесете во 90-та минута, но со таков играч секогаш мислите дека тој може нешто да направи.“

URL

Се поставува прашањето зошто Барса издвои 120 милиони евра за играч кој го дестабилизира тимот кога е на терен, а Сетјен инсистира дека Гризман уште е важен.

„Само околностите ме присилија да го ставам на клупа. Знам дека на Гризман му е тешко и ќе разговарам со него на следниот тренинг, ама нема да му се извинам. Јасно ми е дека можеби се чувствува лошо, ама и јас се чувствувам лошо бидејќи Антоан е одличен фудбалер и одлична личност“, заклучи Сетјен, отворајќи уште многу дилеми со ваквиот одговор.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе