Хајди Клум често споделува провокативна содржина на својот Instagram профил, а во последната објава предизвика вистинска бура со комбинацијата на облека.
Поранешната 48-годишна германска манекенка носеше жолт фустан со долги ракави кој ја покрива едната страна од телото, а ја открива другата.
Она што е карактеристично за споменатиот модел на фустан е тоа што има отворен грб, но има и прерамки кои се врзуваат попречно.
Така, Хајди Клум уште еднаш ја покажа својата витка линија, давајќи до знаење дека за неа годините се само бројка и дека ужива во слободата на изразување.
„Ова е мојот нов омилен фустан“, напиша таа на Instagram.
Да потсетиме, таа е во брак со 16 години помладиот музичар Том Каулиц од „Tokio Hotel“, а се чини дека им цветаат розите, бидејќи често објавува заеднички фотографии.