Ѓоковиќ брутално искрен: Да не бев од Србија, одамна ќе бев најдобар на сите времиња

По освојувањето на рекордниот 24-ти Грен слем во кариерата, односно уште еден УС Опен, Новак Ѓоковиќ одржа опширен говор во кој кажа сè што му лежеше на душа.

Српскиот тенисер ја начна вечната дискусија за тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња, што повторно привлече големо внимание.

„Тоа оставам на вас и на сите други, без разлика дали сум или не, дали заслужувам да бидам дел од таа дискусија. Факт е дека да не бев од Србија, пред многу години ќе бев воздигнат до небо на спортски план, особено во западниот свет. Но, добро, тоа е дел од мојот животен пат, благодарен сум што доаѓам од Србија, ми дава верба и надеж. Затоа сè што постигнувам ми е уште послатко и дури ме исполнува повеќе, а вие пишувајте што мислите“, рече Ѓоковиќ.

Победникот на 24. Грен слем проговори и за она што многумина ги интересира, а тоа е до кога ќе се занимава со белиот спорт.

„Тенисот е сè уште во добри раце. Знаете, играчите доаѓаат и си одат. Ме чека истата судбина. Конечно, еден ден, ќе го напуштам тенисот за 23-24 години и ќе дојдат нови млади играчи ха-ха-ха. До тогаш , претпоставувам дека уште ќе ме гледате“, шеговито прокоментира Ѓоковиќ.

Да потсетиме, Новак славеше во синоќешното финале на УС Опен откако по нешто повеќе од три и пол часа го совлада Данил Медведев со максимални 3:0 (6:3, 7:6, 6:3).

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе