Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Новак Ѓоковиќ застана пред новинарите пред новиот меч на Мастерс турнирот во Монте Карло каде денеска игра против Алекс Де Минаур, а на едно прашање одби да одговори.

Новинарка го праша Ѓоковиќ како и на 36-годишна возраст сè уште е на врвно ниво и го замоли да го сподели својот рецепт.

„Новак, имаш 36 години, може ли да ни кажеш за твојот план за тренинзи, опоравување и исхрана?“, беше прашањето на новинарка на прес-конференцијата, но Србинот реши да не одговори.

„Не можам да зборувам премногу за тоа бидејќи сакам да задржам нешто за себе“, смирено изјави Ѓоковиќ, кој оваа недела го собори рекордот на Роџер Федерер со тоа што стана најстариот тенисер што некогаш се најде на првото место на АТП листата.

„Ќе има различни начини на споделување во блиска иднина, но сè што можам да кажам е дека посветив повеќе од 15 години за да ги средам моето тело и ум. И се исплатеше, на 37 години сум број еден во светот и играм на највисоко ниво“, гордо изјави Ѓоковиќ.

„Тоа е добивката од она што многу го вложив во себе и моето тело, како и во мојот тим. Мило ми е што ја сфатив важноста на тоа на почетокот на мојата кариера. Отсекогаш сум имал долгорочен план да играм што е можно подолго за да ѝ дадам поголема шанса на мојата кариера да освојам што повеќе титули. Практично, по 30 години имам подобра кариера отколку порано“, заклучи Ѓоковиќ.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе