Голем астероид наскоро ќе мине близу Земјата, што треба да знаете за него?

Астероид со пречник меѓу 304 и 740 метри наскоро ќе мине покрај Земјата.

Минувањето на астероидот се очекува на 1 ноември, а само за споредба Светскиот трговски центар е висок 546 метри, додека висината на Бурџ Калифа е 828 метри.

Астероидот е откриен на 12 септември годинава, со помош на Pen-STARRS2 телескопот што се наоѓа на Хаваи. Со помош на неговите опсервации, како и со учество на научници од Универзитетот Аризона, во октомври е установена неговата патека на движење.

Астероидот доби ознака 2022 PM4 и патува кон Земјата, но не претставува закана. Се движи со брзина од 83.761 км/час и на 1 ноември ќе мине покрај Земјата, на оддалеченост од 2.297.822 километри.

Станува збор за астероид кој е релативно близу нашата планета, но шансите за судир се многу мали.

Ако од која било причина овој астероид ја погоди Земјата (шансите се 1:100.000 години зависно од големината на астероидот), ефектот би зависел од неговата големина, брзина и агол на удар. Кога ваков астероид би се судрил со Земјата, штетата би била значителна.

Ударот од астероид со пречник од 740 метри би бил еднаков на сила на 30.000 мегатони ТНТ. Би се создал кратер со големина од 10 километри, длабочина околу 600 метри, а како резултат би имало и земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер.

URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе