Грета како модна инфлуенсерка - преку Vogue испрати остра критика кон модната индустрија

Климатската активистка Грета Тунберг го искористи своето појавување на насловната страница на првиот број на списанието Vogue Scandinavia за да ја критикува брзата мода.

„Модната индустрија во голема мера придонесува за климатската и еколошката криза, а да не зборуваме за нејзиното влијание врз безброј работници и заедници низ целиот свет, за да можат некои да уживаат во брзата мода, која многумина ја третираат како производ за еднократна употреба“, напиша Грета Тунберг на социјалните мрежи.

Некои луѓе во модната индустрија користат скапи кампањи, вели таа, за да остават впечаток на светот дека се одржливи, климатски неутрални и фер.

URL

Речиси секогаш станува збор за злоупотреба на зелениот имиџ, рече Швеѓанката, мислејќи на мерките што ги преземаат компаниите за да го претстават својот бизнис како еколошки одржлив, а всушност тие не прават ништо позитивно за самата животна средина.

„Не можете масовно да произведувате мода и да консумирате ‘одржливо’. Тоа е една од многуте причини зошто треба да го смениме системот“, вели Грета.

Во интервју за списанието Vogue, Грета Тунберг изјави дека со години не купила нова облека.

„Последен пат купив нешто ново пред три години, од продавница за облека од втора рака. Само позајмувам работи од луѓе што ги познавам“, вели таа.

Самото списание во јавна изјава наведе дека ги споделува вредностите за одржлив живот и заштита на животната средина на младата климатска активистка, а облеката што Грета Тунберг ја носи на насловната страница на познатото списание е изработена од одржливи и рециклирани материјали.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Стил

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more
 

Магазин

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Читај повеќе

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Читај повеќе

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Читај повеќе
  • play_arrow

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе