ФОРМУЛА 1 2020

Грожан: Умирав среде пламенот, но ќе возам на последното ГП

Ф1
Ф.З.
/ 04.12.2020 / 14:13

Французинот од тимот на Хас кој имаше страшна несреќа во Бахреин опишува за немилиот настан.

„По ударот се најдов опколен од пламен и ме облеа чувство дека нешто ме притиска на главата. Мислев дека не можам да мрдам, тоа беше еден непријатен момент бидејќи чувствував како моето тело се опушта и ми вели дека умирам. Потоа помислив на моите блиски, сопругата и децата, се обидов повторно, ги завртев рамената и почувствував болка во рацете и стапалата, но успеав да се фатам за халот и да излезам од кокпитот. Потоа еден од придружниците ми помогна и се најдов во амбулантното возило: на сите им изгледаше неверојатно дека сам излегов од тој пламен“, раскажува Ромен Грожан.

„Ме спаси фактот што останав смирен, не паничев. Но, не се чуствувам како херој: херои се докторите кои спасуваат животи. Снимките од несреќата се страшни, но не сум против да се прикажуваат на ТВ“.

Remote video URL

Голема улога во бегањето од запалениот болид имал халот, дел за кој многумина негодуваа кога беше додаден на болидите, вклучувајчи го и францускиот возач.

„Халот? Само глупавите водат инат. Го променив моето мислење поради неговата корисност, а тоа му го кажав и на Жан Тод“, вели Грожан.

Халот, додатокот кој му го спаси животот на Грожан

Тој е оптимист дека ќе се појави на последната трка од сезонава, онаа за Големата награда на Абу Даби која ќе се вози на 13 декември.

„Да се вратам во болидот за последното ГП ќе биде важно, и покрај тоа што за докторите и за мојата фамилија тоа е себична одлука. Но, јас сум пилот: сакам да ја минам целта на последното ГП“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе