КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025

Ѓуроски: Одигравме феноменално, енергијата беше клуч за успехот

Има уште многу да се игра во овие квалификации, и ќе се потрудиме да победиме на што повеќе натпревари, вели крилото Стојан Ѓуроски по синоќешната важна победа на гости кај Полска.

Стојан Ѓуроски беше еден од најдобрите поединци во нашата селекција, ако може да се издвојат таквите во феноменалното изание на „Црвено-жолтите“ на теренот во Сосновјец.

„Влеговме максимално мотивирано во натпреварот. Знаевме од какво значење е за нас. И тоа дефинитивно ни се исплатеше. На нивната игра одговоривме со една многу поголема агресивност. Мислам дека можеби малку и нè потценија. Се одлучивме помалку и да ризикуваме со нивниот шут од далечина, во прв ред на Балцеровски, и тоа на крајот и се исплатеше“, вели Ѓуроски, пренесува КФСМ.

Искусниот крилен кошаркар постигна 17 поени, со висок процент на реализација (3/5 за три, 3/4 за два и 2/3 за еден поен), а имаше и 2 освоени топки и 2 скока за повеќе од 31 минута помината на паркетот.

„Сепак, сметам дека енергијата беше клучен фактор за победата на овој натпревар. Погодивме доста шутеви од далечина. И дека поголем дел од репрезентативците одиграа феноменално. Нено нè предводеше, и не само што погоди доста и комплетираше висока бројка на поени, туку нè разигра и нас останатите. И мислам дека на крилјата на оваа победа треба да продолжиме да се надградуваме како тим. Можеби лош момент е победата на Естонија против Литванија, меѓутоа тоа не значи ништо за нас. Следна на ред ни е репрезентацијата на Литванија, за која лично сметам дека можеме да ја победиме во Скопје. Има уште многу да се игра во овие квалификации, и ќе се потрудиме да победиме на што повеќе натпревари. Ова во Полска беше само првиот“, заврши играчот на Работнички.

реклама

Кошарка

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе