Идеја за ручек: Потпечен зеленчук со кашкавал

Едноставно решение за превкусен ручек кој ќе ги освои и најпребирливите.

Од разните зеленчуци може да се подготват некои од највкусните јадења, а токму таков е и овој рецепт. Потпечете разновиден зеленчук како што е карфиол, брокула, пеперка, домат..., па над сето тоа прелијте вкусен прелив и посипете со кашкавал. Ова јадење ќе ве освои уште на прв залак, а подготовката е никогаш полесна, па ќе им успее и на почетниците во кујната.

Потребни состојки:

  • 1 брокула
  • 400 гр карфиол
  • 4 лажици млеко
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 чешне лук
  • 2 пиперки
  • неколку чери домати
  • 4 јајца
  • 5 лажици масло
  • 130 гр брашно
  • 500 мл млеко
  • магдонос
  • копар
  • 150 гр кашкавал

Подготовка:

Брокулите исечкајте ги на цветови, па ставете ги во тенџере и прелијте ги со вода. Посолете и ставете 2 лажици млеко. Гответе додека не проврие, па оставете уште 2 минути. Процедете и префрлете во огноотпорен сад. Истата постапка направете ја и со карфиолот. Во тава на малку масло пропржете ситно сечкан кромид кој кога ќе омекне додадете му морков. Половина минута пред зеленчукот да е готов додадете толчен лук. Измешајте и сипајте во огноотпорниот сад. Промешајте и додадете пиперка исечката на ленти. Додадете и чери домати исечкани на половинки. Јајцата изматете ги, посолете и побиберете ги. Додадете масло и брашно и убаво соединете, па сипајте млеко. Добро измешајте и додадете сечкан магдонос и копар. Прелијте над зеленчукот и посипете со рендан кашкавал. Печете во загреана рерна на 180°C околу 40 минути.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Рецепти

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more
 

Магазин

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Читај повеќе

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Читај повеќе

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе