Игита апелира: Кога ти велат да не излегуваш, не излегуваш

Легендарниот колумбиски голман својата грешка од фудбалските терени ја употреби за да апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Излегувањето го чинеше елиминација од Светско првенство: Роже Мила му ја зема топката на Игита

Рене Игита е одамна во пензија. Но, дури и оние генерации родени по неговото време во знаат кој е благодарение на неговите настапи за репрезентацијата на Колумбија за која бранеше на Мундијалот 1990 во Италија.

Токму во Италија лудориите на Игита дојдоа до израз, но она што го направи во осминафиналето ја чинеше Колумбија елиминација. Се играше второто продолжение од двапати по 15 минути, Камерун водеше 1:0 кога Игита реши со топката да излезе надвор од шестнаесетникот и да го дрибла Роже Мила. Камерунецот му ја зема топката и постигна гол за 2:0. Камерун победи со 2:1, а Колумбијците ги спакуваа куферите. Претходно во групната фаза успешно успеа да го издрибла нашиот Дарко Панчев кога Колумбија играше против Југославија.

Remote video URL

Оваа грешка денес Игита ја искористи како апел до неговите сограѓани да останат дома и да помогнат во спречувањето на вирусот.

„Денес ми ја пратија оваа фотка... да, оваа фотка служи за ОСВЕСТУВАЊЕ и јас ќе ја искористам... на прво место е здравјето, ако можеш да бркаш работа од дома тогаш не излегувај“, твитна Игита, а на сликата додаде „Кога ти велат да не излегуваш, не излегуваш!“.

URL

И него на времето му велеа да не излегува од својот голмански простор, ама не слушаше. После тој натпревар и тоа како се каеше и изјави дека таа авантура била „грешка голема како куќа“. Тогаш го доби и прекарот „Лудиот“ (El Loco).

Но, Игита е единствен и неговиот карактер тешко се менува. Пет години подоцна на пријателска против Англија на „Вембли“ ја изведе веројатно најатрактивната голманска одбрана на сите времиња. Хари Реднап проба да го лобува, а овој смирено, со одбрана позната како скорпија, му го понижи обидот. Тогаш среќата го посака, но ризикот сепак го направи.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе