Илон Маск на Twitter се пошегува со американскиот сенатор Берни Сандерс.
„Стално заборавам дека уште си жив“, коментираше Маск откако Сандерс објави твит во кој напиша дека „исклучително богатите луѓе треба да платат фер дел од данокот“.
„Сакаш ли да ти продадам дел од акциите, Берни? Само кажи“, додаде Маск.
Инаку, Маск неодамна продаде дел од неговите акции во Tesla за да плати данок на досегашните акции. Иако Маск во саботата објави анкета на Twitter во која ги праша неговите следбеници дали треба да почне да ги продава акциите, вистинската мотивација за продажбата беше подмирување на обврските по одбивање на данок.
Инвеститорите од претходно знаеја дека Маск размислува за продажба на акциите поради плаќање данок, но нивната вредност падна по неговата анкета на Twitter бидејќи многумина сфатија дека има намера да продаде поголем дел од акциите.
Но, Маск планираше да продаде само минимален износ потребен за плаќање на данокот, пишува CNN.
Маск секако може да се почувствува повикан во твитот на Сандерс за „богаташите“, бидејќи тој „тежи“ 285 милијарди долари и е еден од најбогатите луѓе во светот.