Индија ќе се кандидира за домаќин на ЛОИ 2036

Индија планира да се кандидира за домаќин на Олимписките игри 2036 година, а својата кандидатура официјално ќе ја поднесе на следното заседание на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), што треба да се одржи во Мумбај кон крајот на идната година, најави денеска индискиот министер за спорт, Анураг Такур.

Тој во изјава за весникот The Times of India рече дека „сега е вистинското време“ неговата земја да се кандидира за организација на најголемиот светски спортски настан. 

Такур најави дека Индија би можела да биде кандидат со градот Ахмедабад, во Гуџарат, родната држава на премиерот Нарендра Моди, во која се наоѓа најголемиот стадион во светот, изграден во 2020 година. Стадионот, кој го носи името на индискиот премиер, има капацитет од 132.000 седишта. 

Владата на Моди настојува од Индија да направи глобална спортска сила и вложи многу пари во националната инфраструктура. 

ИОК им ја додели организацијата на следните три Летни олимписки игри на Париз (2024), Лос Анџелес (2028) и Бризбејн (2032).

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Останати спортови

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе