НАВОДНО ПРЕКРШИЛ ЗАКОНИ

Инвеститорите го тужат Илон Маск поради понудата да го преземе Twitter

Инвеститорите ги тужат Илон Маск и социјалната мрежа Twitter за постапување по понудата на милијардерот од 44 милијарди долари што тој претходно ги понуди за компанијата.

Во тужбата се наведува дека Маск ги прекршил корпоративните закони на Калифорнија на неколку начини.

Маск е обвинет за недолично однесување и давање лажни изјави и манипулирање на пазарот, како и дека неговите постапки создале хаос во корпоративното седиште на Twitter.

Акциите на Twitter се за околу 27 отсто пониски од цената што за нив ја нуди Маск од 54,20 долари.

Во тужбата се наведува и дека Маск имал финансиска корист од одложувањето на објавувањето за неговото преземање на значителен удел во Twitter и планот да стане член на управниот одбор на компанијата, како и дека неколку твитови што ги објавил на Twitter, чиј редовен корисник е, било лажно наведување за 95 милиони следбеници на социјалната мрежа.

Тоа ја вклучува објавата во која Маск рече дека неговата понуда за преземање Twitter е во тек поради неговите сомневања за голем број лажни профили на таа платформа.

Неговата објава на 13 мај оваа година „беше обид за манипулација на берзата на Twitter “, се вели во тужбата.

Во петокот, Френк Ботини, еден од адвокатите што ги застапува инвеститорите на Twitter, изјави за BBC дека тужбата е поднесена затоа што Маск продолжува да ја омаловажува компанијата што сака да ја купи за 44 милијарди долари во обид повторно да преговара за куповната цена.

„Претставката што ја поднесовме во Сан Франциско бара Маск да одговара за неговото незаконско однесување“, рече Ботини.

Аналитичарите сметаат дека Маск бара начини да ја намали својата понуда или целосно да се откаже од договорот.

Маск навести дека може да побара да плати помалку за Twitter од 44 милијарди долари договорени со управниот одбор на компанијата во март.

Предложената колективна тужба беше поднесена оваа недела до Окружниот суд на САД во Калифорнија од страна на инвеститорот Вилијам Хересниак, кој рече дека дејствувал „во свое име и во име на сите други во слична ситуација“.

Групна тужба е тужба во рамките на која поединец застапува или дејствува во име на група луѓе.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Бизнис

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Read more

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Read more

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Read more

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

Read more
 

Вести

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Читај повеќе

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Читај повеќе

Американците ќе го кренат во воздух мостот во кој удри огромниот брод

Читај повеќе

Украина: Соборивме руски борбен авион

Читај повеќе

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе