Иран: Ако нашата мирољубива нуклеарна програма се смени, ќе биде по вина на други

Нуклеарната програма на Иран е мирољубива и може да стане опасна само по вина на други земји, информираа од оваа азиска земја.

„Водечките луѓе на Иран кристално јасно кажаа дека произведувањето на нуклеарно оружје е спротивно од Шеријатскиот закон и Исламската Република Иран тоа го забранува, но може да се заобиколи тоа, може да биде создадено противволно“, изјави Министерот за разузнавање на Иран, Махмуд Алави.

Тој додаде и дека иранската нуклеарна програма е целосно мирољубива и земјата нема намера или план да произведува нуклеарно оружје при нормална ситуација. Ги повика САД веднаш да ги тргнат санкциите и да платат компензација за нанесената штета од загуби од „нелегалните“ санкции.

„Доколку Иран замине во правец на произведување нуклеарно оружје, тоа нема да биде по вина на Иран, по вина на оние кои го турнале Иран во таков правец“, рече тој.

Воедно, Министерот за надворешни работи Саид Хатибзаде на брифинг синоќа рече дека САД мора му да се вратат на договорот за нуклеарна програма од 2015 година од кој се повлекоа благодарение на Доналд Трамп.

„САД се тие кои се повлекоа од преговарачката маса и од договорот. Ние чекаме тие да се вратат и да ги исполнат своите обврски, а потоа и ние ќе го направиме истото“, вели Хатибзаде.

Според договорот, Иран се согласи да ја лимитира својата нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции. Договорот беше потпишан од Кина, Русија, Обединетото Кралство, Франција, Германија и ЕУ.

Во меѓувреме, новиот американски претседател Џо Бајден остана на ставот дека Иран мора прв да се врати на обврските потпишани со договорот за санкциите да бидат укинати.

Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Свет

Украинскиот парламент одобри мобилизација на затвореници

Read more

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Read more

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Read more

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Read more
 

Вести

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Читај повеќе

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Читај повеќе

Украинскиот парламент одобри мобилизација на затвореници

Читај повеќе

Вучиќ и Орбан ѝ честитаа на Силјановска Давкова

Читај повеќе

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Читај повеќе

Награден конкурс за книжевни творби инспирирани од творештвото на Франц Кафка

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

Читај повеќе

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Читај повеќе

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Читај повеќе