УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/23

Исти бодови, гол-разлика, меѓусебен скор: Зошто Бенфика заврши пред ПСЖ?

Филип Здравески
/ 03.11.2022 / 14:54

Откако синоќа Бенфика успеа да слави со неверојатни 6:1 на гости кај Макаби Хаифа, на многумина им остана нејасно по кој критериум португалскиот тим заврши прв во групата пред гигантот ПСЖ иако имаат ист број на бодови, идентична гол-разлика и ист скор во меѓусебните дуели.

Пари Сен-Жермен, еден од главните кандидати за овогодинешната титула во Лигата на шампионите, својот нов обид конечно да го освои толку посакуваниот пехар ќе мора да го продолжи од вториот, условно кажано, послаб барабан во осминафиналната жрепка која во понеделник традиционално ќе се одржи во Нион. За многумина остана нејасна причината зошто парижаните завршија втори иако буквално во сѐ се израмнети со Португалците.

ПСЖ синоќа со 2:1 славеше на гостувањето кај Јувентус среде Торино и тоа беше навидум доволно за обезбедување на првото место, особено со оглед на тоа што резултатот во Хаифа до 88. минута гласеше 4:1 во корист на Бенфика. Со таков резултат тимот од Париз со за два гола подобра гол-разлика (+9 наспроти +7) ќе завршеше прв во групата. Но, Бенфика во 88. минута и во втората од судиското надополнување успеа да постигне уште да гола и да победи со 6:1, резултат со кој се израмни со ПСЖ и кога станува збор за гол-разликата.

На крајот, конечната табелата во оваа Х група гласи вака:

  1. Бенфика 14 бодови со гол-разлика + 9 (16:7)
  2. ПСЖ 14 бодови со гол-разлика +9 (16:7)

Дополнителна збунка направија некои веб-страници и мобилни апликации за резултати чии софтвери по завршувањето на натпреварите го прикажаа ПСЖ како прволасиран. За разлика од нив, на УЕФА веднаш Бенфика се најде на првото место.

Во натпреварувањата на УЕФА, за разлика од оние на ФИФА, предност при одлучувањето за пласман при ист број на бодови има меѓусебниот скор наместо гол-разликата. Но, проблем има и тука бидејќи и двата дуела на ПСЖ и Бенфика завршија со идентични 1:1 во Париз и во Лисабон.

Следен критериум е бројот на постигнати голови, арно ама и тука се израмнети - и двата имаат по 16.

И тука завршува она што и најголемите фанови на Лигата на шампионите го знаат. Кој друг критериум би можел да одлучува? На Мундијалот 2018 во Русија имаше сличен случај и таму Јапонија помина во осминафиналето на сметка на Сенегал и тоа поради помалку добиени жолти картони, всушнсот 1 - да бидеме попрецизни. Но, ќе повториме, правилата на УЕФА и ФИФА се разликуваат.

Согласно правилникот за натпреварувања на УЕФА, одучувачки фактори при ист број на бодови во фазата по групи се следниве критериуми, од прв до последен:

  1. освоени бодови во меѓусебните дуели;
  2. гол-разлика во меѓусебните дуели;
  3. постигнати голови во меѓусебните дуели;
  4. гол-разлика од сите натпревари;
  5. постигнати голови во сите натпревари;
  6. постигнати голови на гости во сите натпревари;
  7. победи во сите натпревари;
  8. победи на гости во сите натпревари;
  9. дисциплински поени (директен црвен = 3 поени; два жолти = 3 поени, жолт картон = 1 поен);
  10. клупскиот коефициент според УЕФА.

Во случајот на ПСЖ и Бенфика одлучувачки фактор за првото место во групата Х е правилото под број 6, односно бројот на постигнати голови во натпреварите одиграни на гостински терен. Тука Бенфика има 9 и тоа најмногу благодарение на победата од 6:1 во Хаифа, додека ПСЖ има 6.

Затоа Бенфика заврши прва и жрепката ќе ја чека од барабанот 1, додека ПСЖ остана на второто место.

Ваквите правила веројатно не ги знаат ниту самите играчи на ПСЖ. Тоа, на пример, го потврди голманот Џанлуиџи Донарума кој изјави дека по натпреварот мислел дека неговиот тим завршил прв.

„Искрено, за жал за второто место во групата дознав откако заврши натпреварот. Нажалост, така беше, но сепак беше важна победа. Со кој и да играме наредно сигурен сум, дека ќе биде одличен двобој“, изјави голманот на „Светците“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе