КУП БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ - БУШТУР 2021/22

Историска прва титула на ТФТ во кошаркарскиот куп

Кошаркарите на ТФТ синоќа го освоија првиот трофеј во клупската историја, откако триумфираа во финалето на македонскиот Куп Благоја Георгиевски - Буштур над бранителот на титулата МЗТ со 80:66 (41:37).

Во 28. кошаркарско финале, кое се одигра во СРЦ „Кале“, ТФТ доминираше над градскиот ривал во текот на целиот натпревар и заслужено дојде до трофејот во својот дебитантки настап во финалето на ова натпреварување.

ТФТ е деветтиот освојувач на кошаркарскиот куп во кој МЗТ Скопје остана на 10 трофеи, колку што има и Работнички.

Најефикасен во редовите на ТФТ и на натпреварот беше Американецот Ландриус Хортон со 23 поени, а забележителен настап имаше и неговиот сонародник Амир Смит, кој оствари дабл-дабл ефект со 12 поени и 17 скокови, а беше прогласен и за најкорисен играч на завршниот турнир.

Досегашни победници:

10 - Работнички (1993, 1994, 1998, 2003, 2004, 2005, 2006, 2011, 2015, 2019)
10 - МЗТ (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018, 2021)
2 - Еуро Никел (2008, 2010)
2 - Гостивар (2001, 2002)
1 - Вардар (2007)
1 - Кочани Деликатес (1995)
1 - Карпош Соколи (2017)
1 - Амак СП (2009)
1 - ТФТ (2022)

реклама

Кошарка

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more
 

Спорт

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе