Соларната сонда Parker на НАСА стана првото летало кое влезе во соларната атмосфера, објави американската вселенска агенција.
Сондата пролета низ Сончевата корона, горниот слој на атмосферата на Сонцето, собирајќи таму честички и податоци за магнетските полиња, соопшти НАСА. Овој потфат го нарекоа „џиновски скок за соларната наука“.
„Допирот на Сонцето со соларната сонда е историски момент за соларната наука и извонреден подвиг“, изјави Томас Зарбахен од Управата за научни мисии на НАСА. „Не само што овој пресврт ќе овозможи подлабок увид во еволуцијата на Сонцето и неговото влијание на нашиот Сончев систем, туку и на сè што досега сме научиле за Сонцето, но и ѕвездите и остатокот на вселената“, смета тој.
НАСА соопшти дека леталото нашло вистински услови за влегување во соларната атмосфера на околу 1.3 милиони километри над сончевата површина во текот на осмиот прелет на Сонцето, минувањето траело неколку часа.
Потоа сондата продолжила да се доближува до Сонцето. Следниот прелет се очекува на 22 јануари, кога сондата Parker веројатно повторно ќе мине низ короната, соопштија од НАСА.