Итниот состанок во Баерн траел до полноќ, донесена конечна одлука за Тухел

Фудбалерите на Баерн продолжија да доживуваат вистинска агонија и против Бохум го врзаа третиот пораз за само осум дена, а тоа беше клучната тема на состанок кој синоќа траел до доцна во ноќта.

Со поразот 3:2 на гости кај Бохум гигантот од Минхен ги намали на минимум шансите за освојување на титулата во Бундеслигата, бидејќи Баер Леверкузен сега има 8 бода предност на врвот на табелата. Покрај тоа, тимот остана и без ДФБ купот и германскиот Суперкуп, но тренерот Томас Тухел се уште е на клупата.

По поразот од Бохум синоќа беше свикан итен состанок кај баварскиот гигант кој траеше речиси до полноќ. Иако се очекуваше отказ за Тухел, кој е на удар на јавноста во Германија и навивачите на Баерн, тоа сепак не се случи.

Напротив, раководството на Баерн реши да му даде нова шанса на Тухел и да продолжи со него како ништо да не се случило. Најверојатно по оваа одлука незадоволството на навивачите ќе биде уште поголемо.

URL

„Чувствувам поддршка. Знам каков однос имам со извршниот директор Јан-Кристијан Дрисен и како соработуваме. Тој знае колку оваа ситуација ме нервира и колку труд вложуваме“, изјави Тухел по новиот пораз.

Целата сезона на Баерн е загрозена за само една недела. По поразот во дербито од Леверкузен следуваше пораз во Лигата на шампионите од Лацио во првиот осминафинален натпревар, а синоќа „Баварците“ загубија и од Бохум во Бундеслигата, тим кој до синоќа имаше само 4 победи.

Баерн синоќа на „Воновиа Рур“ стадионот поведе во 14. минута преку Џамал Мусиала, но Бохум со пресврт преку Такума Асано во 38. и Кевен Шлотербек во 44. минута замина на пауза со водство од 2:1. Потоа во 77. минута Баерн остана со десетмина откако Дајот Упамекано направи пенал поради удар со лакт, а Австриецот Кевин Штогер го реализираше за 3:1. На три минути до крајот Хари Кејн намали на 3:2, но баварската гордост потоа не успеа  да постигне трет гол за реми.

За Упамекано ова е второ исклучување во последните два натпревара откако и против Лацио во средата направи пенал и доби директен црвен.

Remote video URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе