Изложба на астрофотографија по повод 25 години од Скопското астрономско друштво

Скопското астрономско друштво организира изложба на астрофотографија по повод 25 години од Скопското астрономско друштво.

Изложбата ќе биде отворена вечерва, 25.12.2023 година (понеделник), во 19 часот во Кинотеката на Македонија. На изложбата ќе бидат претставени фотографии од членовите на Скопското астрономско друштво, направени на разни локации во Македонија. Целата е да се пренесат убавините и инспиративните глетки, кои може да се забележат на ноќното небо со голо око, фотоапарат или телескоп.

Преку астрофотографиите ќе бидат претставени разни небесни објекти: галаксии, маглини, ѕвездени јата, објекти од Сончевиот Систем, вештачки сателити, како и пејзажни фотографии со астрономски мотиви.

Влезот е бесплатен.

Remote video URL

Скопското астрономско друштво (САД) е здружение на љубители на астрономијата, кое е основано во 1998 година во Скопје.

Целите и определбите на друштвото се ширење и популаризација на астрономијата како наука и обединување на сите љубители на астрономијата во нивната заедничка потрага по повеќе знаење, дружење и ведро небо.

Тагови
реклама

Култура

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more
 

Вести

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе