John Lewis објави малку поинаква божиќна реклама
Британската компанија John Lewis конечно ја објави традиционалната божиќна реклама, која е малку поинаква од минатогодишната.
Откако на интернет беа објавени лажни реклами, Британците со нетрпение ја очекуваа оригиналната реклама на John Lewis. За разлика од минатогодишната тажна реклама, со човекот на Месечината, во оваа реклама главни ликови се петгодишната Бриџит и кучето Бастер. Рекламата вреди 7 милиони фунти.