НБА ПЛЕЈ-ОФ 2022/2023

Јокиќ повторно испиша историја и донесе нов брејк за Денвер против Мајами

Кошаркарите на Денвер Нагетс поведоа со 2:1 во финалната серија на НБА против Мајами Хит откако победија со 109:94 како гости, а феноменалниот Никола Јокиќ повторно се истакна со трипл-дабл учинок со кој испиша историја.

Прашањето за победникот беше решено во вториот дел, поточно на почетокот на последната четвртина кога Денвер успеа да дојде на +21 и до крајот рутински го сочува големото водство за нов брејк во серијата.

Јокиќ натпреварот го заврши со 32 поена, 21 скок и 10 асистенции, со што стана првиот играч во финалето на НБА кој постигнал најмалку 30 поени, 20 скока и 10 асистенции.

URL

Извонреден беше и Џамал ​​Мареј кој постигна дури 34 поени, со 10 асистенции и 10 скокови.

Кај домашните се истакнаа Џими Батлер со 28 и Бам Адебајо со 22 поена, но тоа беше премалку со оглед на тоа што потфрлија останатите соиграчи.

Remote video URL

По натпреварот, Јокиќ беше прашан колку му значи тоа што стана првиот играч во историјата што успеал да постигне учинок од најмалку 30 поени, 20 скока и 10 асистенции, но тој повторно го префрли целиот фокус на тимот, на соиграчите и на она што е најважно - победата.

„Да бидам искрен, тоа не ми значи толку многу. Мило ми е што победивме, нѐ победија во нашата арена и не сакавме да дојдат до предност“, изјави Јокиќ.

Зборуваше и за тоа што бил клучот за победата на третиот дуел.

„Бевме концентрирани, иако на крајот имавме недоразбирања, генерално нашата комуникација во играта беше на високо ниво и затоа мислам дека победивме“.

Remote video URL

Следниот меч е закажан за ноќта меѓу петок и сабота, кога Денвер ќе има можност да се доближи на чекор до шампионската титула. Натпреварот почнува во 2:30 часот по македонско време.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе