ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИБА ЕВРОБАСКЕТ 2025

Јончевски: Натпреварот со Норвешка е клучен

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, смета дека натпреварот со Норвешка е клучен за првото место во претквалификациите за ЕвроБаскет 2025.

– И пред почетокот на претквалификациите во плановите беше освојување на првото место бидејќи единствено тоа води во следната фаза, односно во главните квалификации. Отворивме со две победи и си ја олеснивме работата со оглед на тоа што играме на домашен терен. Играме против Норвешка која, исто така, има две победи и тоа со голема разлика. Верувам дека овој натпревар е одлучувачки, не дека нема шанса за поправен.

Селекторот Јончевски има и свој коментар за ангажирањето на Американецот Ти-Џеј Шортс

– Што се однесува до новиот играч во составот, имаше интерес за натурализација и за други кошаркари. Но, се одлучивме за Ти Џеј Шортс кој има одлични квалитети на плејмејкерската позиција, а избравме организатор на играта бидејќи нема да сметаме на Димитријевиќ, кого и се надевам дека добро ќе го замени. Во следните 2-3 дена Шортс ќе се обиде да се вклопи во тимот и се надевам дека отсуството на двајцата кошаркари ќе го надополнат останатите, како Војдан Стојановски, Магдевски, Мекиќ, изјави Јончевски пред стартот на мини-подготовките кои ќе се одвиваат во салата „26 Април“ во Гевгелија.

Освен Димитријевиќ отпадна и Кристијан Николов кој заработи скршеница на палецот на десната рака, по што следува едномесечна рехабилитација. Членот на турскиот прволигаш Коњаспор се повреди на еден од последните тренинзи со клубот.

– За жал нема да бидам во можност да им помогнам на своите репрезентативни соиграчи на овие два натпревара. Имам повреда, односно скршеница на палецот на десната рака, тоа го потврдија и првите снимки. Во петок имам уште една лекарска контрола со која докторите треба да ја одредат дефинитивната слика и да почнам со рехабилитацијата. Извесно е дека ќе бидам надвор од теренот во наредните четири недели. Ќе видиме понатаму, се надевам дека сѐ ќе биде во најдобар ред. Ќе бидам најголем навивач на нашата репрезентација на средбите со Норвешка и со Данска. И се надевам дека ќе ја продолжиме успешната серија и во овој прозорец на патот кон евро-квалификациите, порача Николов од Турција.

Македонската репрезентација на 10 ноември се среќава со Норвешка, а три дена подоцна, на 13-ти, во Гевгелија ја пречекува Данска.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе