Јуве ќе биде исфрлен од Серија А ако игра во Суперлигата

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација јасно стави дознаење дека Јувентус ќе биде исфрлен од Серија А доколку се реализира идејата за Суперлигата.

Претседателот на „Старата дама“, Андреа Ањели, е еден од главните поборници за реализација на контроверзниот проект наречен Суперлига, чија главна цел не е компетитивност туку добивање финансиски средства на и онака веќе богатите европски клубови.

Габриеле Гравина, кој е претседател на ФИГЦ под чија капа е и Серија А, категорично стави до знаење дека судбината на Јуве во Калчото ќе биде запечатена доколку се одлучи да учествува во Суперлигата.

„Тоа е сега хипотеза, но Јувентус ќе биде исклучен од Серија А доколку се реализира таквата лига. Суперлигата е погрешен одговор на вистинскиот проблем. Италија мора да размисли како лигата да ја направи поатрактивна за странските пазари како арапксиот, од каде што во моментов немаме ќар“, рече тој за весникот La Repubblica.

Претходно Интер и Милан се откажаа од идејата за Суперлигата, оставајќи го Јувентус единствен италијански клуб заедно со шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона. Претходно се откажаа и останатите клубови, па од вкупно 12 сега проектот го туркаат само 3.

реклама

Фудбал

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе