Јувентус тргнува по Луис Суарес

Уругваецот за кого нема повеќе место во Барса е сериозна опција за засилување на нападот на „Старата дама“.

Луис Суарес би можел нареднава сезона да ига во Серија и тоа во шампионот Јувентус под водство на Андреа Пирло.

Goal.com тврди дека Уругваецот му бил понуден на Јувентус, а од клубот од Торино биле сериозно заинтересирани за таква соработка особено што управата потврди дека ќе се раздели со Гонсало Игуаин.

Суарес има 33 години и никогаш не играл во Италија. Во Барселона дојде во 2014 од редовите на Ливерпул, а претходно играше за холандските Ајакс и Хронинхен, додека кариерата ја почна во Насионал од Монтевидео.

Откако каталонскиот клуб го назначи Роналд Куман за нов стратег, Холанѓанецот направи список на играчи кои не му се потребни, а на него се наоѓа и уругвајскиот репрезентативец.

Суарес со Барса има договор до јуни наредната година, а неговата моментална цена се проценува на 28 милиони евра.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе