Кацарска објасни зошто не можеме да тужиме за нарушени права за здрава животна средина

Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) – Во Република Северна Македонија граѓаните не може да поднесат барање доколку сметаат дека им се нарушени слободите и правата за здрава животна средина. Ова се коси со секоја заложба за унапредување на правата и зајакнување на демократските капацитети во една држава, затоа што развојот на технологијата носејќи ги со себе бенефитите и алатките за подобрување на животот на луѓето, носи и предизвици кои ако не успееме да ги совладаме, одат на сметка на животната средина, а следствено на тоа и на нашето здравје.

Ова денеска го истакна претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на дебатата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина“ која ја организира Центарот за правни истражувања и анализи во рамки на проектот „Проект за добро управување со животна средина“ кој е дел од програмата Фонд за добро владеење, финансиран од УИ Еид преку Владата на Обединетото Кралство.

– Констутционализмот во развиените демократии, но и во нашиот регион не познава ваква пречка и ова e решено преку можноста за поднесување на уставна тужба, која за жал во нашиот Устав не е предвидена. Затоа сметам дека токму правото на здрава животна средина е едно од правата на човекот и граѓанинот кое може да биде појдовна точка за почетно размислување, дискусија и аргументирање за потребата за воведување на уставна тужба, за која јас силно се залагам и која ќе значи проширување на надлежностите на Судот, рече Кацарска.

Заштитата на животната средина, вели таа, е тема која се актуализира во меѓународни размери во последните децении и општо прифатено е дека човековите права и животната средина се во тесна корелација и врска.

– Токму интересот и грижата на меѓународната заедница за зачувување на животната средина започнува да расте од конференцијата на Обединети нации од 1972 година и прв акт од меѓународно значење во сферата на заштита од еколошкиот криминалитет претставува Декларацијата на Обединети Нации за заштита на човековата околина во која се вели дека заштитата и подобрувањето на човековата околина е прашање од врвно значење и дека се однесува на доброто на населението и на економскиот развој во целиот свет. За жал, впечатокот е дека државата се уште не може да го стави под контрола еколошкиот криминалитет или т.н. криминал на животната средина, причините се сигурно повеќеслојни, а можеби во еден сегмент треба да се размислува за допрецизирање на законите и секако нивна доследна примена, смета Кацарска.

Меѓународните организации, додаде таа, го кренаа нивото на претпазливост кога станува збор за климатските промени и влијанието врз животната средина, но она што се случува во светот нема да не одмине и нас. Затоа, потенцира Кацарска, секој има обврска да даде придонес за отстранување на противречностите меѓу човекот и природата, односно здрава животна средина.

– Уставното право на здрава животна средина, не значи само право да се живее и опстојува во средина во која има соодветни услови (чист воздух, вода, почва итн.) кои овозможуваат опстојување на поединецот, но и право да се бара од Републиката да ја исполни својата уставна обврска за обезбедување услови за остварување на самото право, истакна Кацарска.

Уставниот судија Осман Кадриу, пак, ја потенцираше потребата од проширување на листата на слободи и права бидејќи сега е ограничена можноста за поднесување на барања од страна на граѓаните само за правата и слободите предвидени во членот 110 алинеја 3.

– Прашањето на животната средина, природата е мошне деликатно, затоа што денеска со појавата на екоцидот имаме сериозно загрозување и повреда на животната средина. Во еден дел на правната наука со право се подвлекува дека убавото лице на планетата е загрозено од сите страни, а најмногу од страната на човекот. При една ваква ноторна околност, прашањето на животната средина и нејзината заштита се санкционира на ниво на секоја национална држава и во рамките на истата како правно организирана политичка заедница и на ниво на меѓународното право, рече Кадриу.

Прашањето на правото за здрава животна средина, посочи, се санкционира и се уредува со повеќе гранки на правото, преку граѓанско, кривично, управно особено уставното право. Имаме богата правна регулатива со која се уредува, гарантира и треба да се штити ова право, посочи Кадриу додавајќи дека од аспект на нашиот Устав, она што е новина, животната средина и правото на заштита на животната средина претставува едно ново право кое припаѓа на третата генерација.

– Јас се залагам за тоа да се прошири уставната заштита на листата на човековите слободи и права, во таа листа да биде опфатено и правото на уставно-правна заштита на правото на здрава животна средина, затоа што сега е ограничено само на слободите и правата опфатени во членот 110 алинеја 3. Според сегашната регулатива ова право се заштитува во рамките на основната надлежност на Уставниот суд, а тоа е нормативна контрола на уставноста и законитоста, нагласи Кадриу.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе