Каде е Роман Абрамович: Рускиот милијардер денес живее сосема поинаку

Еден од најуспешните сопственици на клуб во историјата на фудбалот, Роман Абрамович, се посвети на сосема поинаков и потивок начин на живот откако беше принуден да го продаде Челси.

 

Абрамович го направи Челси еден од најдобрите клубови во светот, освои две титули во Лигата на шампионите и го стави клубот високо на мапата на англискиот фудбал меѓу најтрофејните. Меѓутоа, со почетокот на руската агресија врз Украина и воведувањето санкции во Велика Британија, тој мораше да го продаде клубот минатата година.

Челси заврши во рацете на новиот сопственик Тод Боли, кој сè уште не знае што прави, а Абрамович во тоа време целосно се повлече од светот на фудбалот и живее помирен живот од кога било.

Абрамович во текот на летото купи имот во Истанбул, а имаше и информации дека сака да вложи пари во екипа од Турција, но тоа на крајот не се случи.

Угледниот Athletic објави дека животот на Абрамович сега се сведува на патување меѓу Сочи, Истанбул и Тел Авив и дека понекогаш патува во Дубаи, без да се врати во Велика Британија, каде што го постигна најголемиот успех во светот на фудбалот. Таа работа веќе не го интересира и воопшто не „се држи во чекор со спортот“ откако го продаде Челси.

Меѓутоа, во меѓувреме се појавија информации дека Премиер лигата ги истражува трансферите на Вилијан и Самуел Ето, кои пристигнаа во Челси додека Абрамович беше сопственик на клубот. Финансиските трансакции околу потпишувањето на договорот се спорни и не е невозможно Русинот на крајот да одговара за тоа.

URL

„Овие спорни барања датираат од претходната сопственост на клубот. Тие се однесуваат на работи контролирани од поранешниот сопственик на клубот и не се однесуваат на ниту едно лице кое моментално е вработено“, соопштија од Челси во понеделникот.

Да потсетиме, Абрамович мораше да го продаде Челси, а Боли стана сопственик на клубот на 30 мај минатата година. Тој едвај го однесе клубот во Лигата на шампионите во првата сезона, но не успеа во следната. Малку е веројатно дека тоа ќе биде случај годинава.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе