Кадиров: Добивме наредба за офанзива. Ќе видите што значи одмазда

Чеченскиот водач Рамзан Кадиров, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, објави дека му е наредено да ги прераспореди своите сили во Народната Република Донецк (ДНР) во источна Украина.

„Пријатели, чеченските единици добија нова наредба да ги прераспределат своите сили. Територијата на Народна Република Донецк станува зона на одговорност“, напиша Кадиров. „Според наредбата, борците на чеченските единици мора да започнат активни борбени операции и да ослободат голем број населени места. Борбените единици се подготвуваат за јуришни активности со активна поддршка на Министерството за одбрана и Генералштабот на руските вооружени сили“, објави тој.

Кадиров рече дека другите единици на неговиот баталјон Ахмат, лоцирани на „алтернативните делови од контактната линија меѓу регионите Запорожје и Керсон“, добиле „слични наредби да ја започнат офанзивата“.

Кадиров го коментираше и нападот со дронови во Москва.

„Неопходно е да се прогласи вонредна состојба во Русија и да се употребат сите борбени средства за да се исчисти целата терористичка ќелија. Наместо да се користат термините украинска армија и украински политичари, треба да ги нарекуваме со нивното вистинско име - терористи“, напиша Кадиров.

„Одговорите на ваквите напади треба да бидат жестоки. Ние ги штитиме нашите граѓани. Наскоро ќе покажеме што значи одмазда“.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе