Кадиров го подучи Маск: Пред дуелот со Путин мора да се трансформираш од нежен Илон во брутален Илон

Претседателот на Чеченската Република и своевиден портпарол на ликот и делото на Владимир Путин, Рамзан Кадиров, одговори на повикот на Илон Маск, кој пред неколку дена го предизвика претседателот на Русија на дуел.

Во пораката објавена на официјалниот профил на чеченскиот лидер на Telegram, Кадиров го советува Маск да не се натпреварува со Владимир Путин.

„Неколку совети за Илон Маск. Не си ја мерете силата со Путин. Вие двајца сте во две различни лиги и воопшто не се работи за боречки вештини или џудо“, рече Кадиров.

После тоа ја „спореди“ силата на рускиот претседател со силата на Илон Маск.

„Дали би биле во црвениот агол како бизнисмен и твитерџија? А Путин во синиот агол како светски политичар и политичар кој им влева стравопочит на Западот и САД? Владимир Владимирович би се однесувал неспортски ако ве претепа како многу послаб противник“, смета Кадиров.

Поради сето горенаведено, Кадиров го советуваше Маск дека мора пред сè да поработи на физичката кондиција пред дуелот со Путин.

„Морате да ги зајакнете мускулите за да се трансформирате од нежен Илон во бруален Илон. Предлагам да тренирате во неколку центри во Чеченија“, советува Кадиров.

На крајот, лидерот на Чеченија сподели со Маск неколку локации во Чеченија каде може да се подготви за дуелот со Владимир Путин.

„Универзитет на руски специјални сили - каде што ќе поминете низ обука за огнено оружје со светски шампиони кои лесно ги победија американските специјални сили во 2015 година. Другата локација е Боречкиот клуб Ахмат - тука ќе тренирате како да примите удар. Под водство на Абузајед Висмурадов, ќе научите како брзо да се 'кренете', не само физички, туку и психички“, вели Кадиров.

Како трето место каде што можеше да се тренира за дуелот со Путин, Кадиров ја спомена чеченската републиканска телевизија „Грозни“.

„Во оваа институција ќе те научат американски методи за „црн ПР“ и ќе те научат како да ги следиш и ажурираш профилите на социјалните мрежи. На крајот на краиштата, ќе се вратиш од Чеченија како сосема друга личност, Илон, ти ќе бидеш Илонa“, заклучи Кадиров.

Интересно, на повиците на Рамзан Кадиров реагираше Илон Маск со тоа што на Twitter го смени името во Илонa и испрати кратка порака до чеченскиот претседател.

„Ви благодарам за понудата, но толку одличен тренинг би ми дал преголема предност. Доколку се плаши од борба, ќе се согласам да ја користам само левата рака, а не сум левак“, изјави Маск.

URL
реклама

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Читај повеќе