Како да ги препознаете и спречите симптомите на сончаница?

Во текот на изложување на сонце, телото ја регулира температурата со работата на кардиоваскуларниот систем и потењето. Тоа има поставено граница на издржливост од сончеви зраци, но кога со претерано изложување ја премине границата, телото преминува во хипертермија.

Тоа е состојба во која не може да произведува пот потребна за регулирање на внатрешната топлина. Неконтролираното долго изложување на сонце доведува до претерано телесно загревање, предизвикувајќи изгореници на кожата, сончаница или топлотен удар.

Сончаницата е многу сериозна состојба која во некои случаи може да делува опасно на виталните функции на организмот.

Како навреме да ги препознаете симптомите?

Пред сè, симптоми на сончаница најчесто се сува кожа со зголемена телесна температура. На кожата може да се појават меурчиња или црвенило коешто предизвикува чешање и печење.

Во некои случаи може да се јави претерана чувствителност на очите на светлина, солзење на очите или фотофобија. Останати симптоми се главоболка, вртоглавица, немир, црвенило на лицето, засилено потење, жед, мачнина и повраќање.

Ако личноста ги занемари овие аларми, набргу може да почувствува зуење во ушите. Проблеми со видот, слабост, а во потешки случаи раширени зеници и на крајот несвестица. Пулсот е забрзан, дишењето плитко и брзо. Затоа е важно навреме да се забележат симптомите и ако ситуацијата е критична веднаш да се повика лекар или брза помош.

Што да направите во случај на сончаница?

Ако станува збор за поблаг облик, симптомите ќе исчезнат за неколку часа. Во спротивно, ќе бидат долготрајни. При првиот знак е добро да се тргнете на сенка или во постудена просторија во полуседната положба. Пијте повеќе вода и течности, потребно е да ја намалите телесната температура со ладни облози.

Особено внимателни треба да бидат децата и бремените жени, најдобро е престојот на сонце да биде во интервали кога сончевите зраци не се толку силни.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе